Упатство за е-Токен
Токенoт е USB уред кој се користи како складиште на електронски сертификат за автентификација на корисникот кој го поседува.
Со токенот корисникот (вработен или студент) може да се најавува (логува) на универзитетската мрежа (компјутери), да врши дигитално потпишување или енкриптирање на службената пошта и да се најавува и одјавува на читачите на работно време на влезните врати на факултетите за вработените или студентите да ја регистрираат својата присутност на предавањата.
Не можете да ги користите како мемории за чување на податоци (USB меморија).За да го користите потребно е да го знаете неговиот пин кој е единствен за секој корисник.
Секој корисник својот пин ќе го добие по електронска пошта. Пораката ја содржи следната содржина:
Почитуван ИМЕ И ПРЕЗИМЕ
Податоци за вашиот токен:
Вашиот токен доделен од Универзитетот Гоце Делчев е со следниве спецификации:
Serial: | СЕРИСКИ БРОЈ НА ТОКЕНОТ | |
PIN: | ПИН НА ТОКЕНОТ |
Токените треба да се подигнат од службата за студентски прашања со уплатница.
Токенот Ви дозволува да се логирате на мрежата на универзитетот и регистрација на вашето присуство.
Доколку имате проблеми со употребата на токенот обратете се до вашите Систем Администратори, посетете го сајтот www.ugd.edu.mk или линкот најчести прашања.
Се најдобро
од eToken Management System тимот
Потребно е да го запаметите бројот што претставува ПИН НА ТОКЕНОТ , а потоа можете да го промените. Начинот на промена на пин на токен можете да го проследите на линкот промена на пин на токен кој се наоѓа во делот најчести прашања на официјалниот веб сајт на универзитетот.
Доколку го заборавите вашиот пин, лично донесете го токенот на студентски прашања во ректоратот со лична карта или индекс.
Доколку имате проблеми со користење на токенот јавете се на контакт телефоните: 550-808 и 550-806 или на студентски прашања во ректоратот.
Важно: Не смеете намерно да го оштетите токенот или да го изгубите. Секоја замена на токен ќе се наплаќа со уплатница од 1200 денари на сметката на универзитетот.
- Информатор
- Втор колоквиум и испит по македонски јазик со култура на изразувањето
- РАСПОРЕД НА ИСПИТИТЕ ВО ЈУНСКАТА ИСПИТНА СЕСИЈА НА ПЕДАГОШКИ ФАКУЛТЕТ-ШТИП
- Пријавување на испити за Јунска сесија и заверека на семестар
- Етика-прв колоквиум
- Социологија на образование
- Консултации-философија, логика, етика, естетика
- Термини за консултации кај проф.д-р Ленче Милошева
- РАСПОРЕД НА ИСПИТИТЕ ВО АПРИЛСКА ИСПИТНА СЕСИЈА НА ПЕДАГОШКИ ФАКУЛТЕТ-ШТИП
- Упатство за е-Токен
- Распоред за подигање на токени
- Резултати од испитот по предметот Руски јазик за учители (Педагошки факултет – одделенска насока), одржан на ден 02.02.2009г.
- Втор колоквиум за Илија Мишовски!!!
- Логика-кумулативно (вкупно бодови)
- Философија-кумулативно (вкупни бодови)
0 comments:
Post a Comment