Начин на студирање, оценување, полагање на испити и колоквиуми.!!!!



Имено, на 12.редовна седница на Ректорска управа се донесе одлука за:

1. Начинот на оценување на редовните студенти на УГД:

  • начинот на оценување е врз основа на кумулативност на освоени бодови од: предавања, вежби, колоквиуми и семинарска работа;
  • колоквиумите се независни еден од друг, т.е. полагање на еден не е предуслов за полагање на другиот колоквиум;
  • завршниот испит исто така не зависи од колоквиумите, тие не се услов за полагање на завршен испит, туку вкупниот број на освоени поени, кој не треба да биде помал од 42 поени;
  • во случај на недоволен број на поени за полагање на завршен испит, професорот може да организира и дополнителен колоквиум, кога за тоа има доволен број на кандидати.

2. Начинот на оценување на вонредните студенти на УГД:

  • можат да се организираат збирни предавања и вежби, секој петок или сабота, 4 во семестар кои носат 10+10=20 поени;
  • начинот на оценување е врз основа на кумулативност на освоени бодови од: предавања, вежби, колоквиуми и семинарска работа;
  • колоквиумите се независни еден од друг, т.е. полагање на еден не е предуслов за полагање на другиот колоквиум;
  • завршниот испит исто така не зависи од колоквиумите, тие не се услов за полагање на завршен испит, туку вкупниот број на освоени поени, кој не треба да биде помал од 42 поени;
  • во случај на недоволен број на поени за полагање на завршен испит, професорот може да организира и дополнителен колоквиум, кога за тоа има доволен број на кандидати.

3. Модел за полагање на колоквиум:

(10 прашања со заокружување на еден точен одговор од понудени три можни одговори, кои носат по 0,5 поени; 5 прашања со дополнување на еден или неколку зборови, формули, графички прикази кои носат по 1 поен; 5 прашања со текстуален одговор на поставено прашање, решавање на поставени задачи или музичка изведба кои носат по 2 поени).

4. Резултатите од колоквиумите се изразуваат во бодови (студентите не можат ниту да положат ниту да не положат колоквиум – единствено можат да добијат одреден број на поени, кои се акумулираат и влијаат на конечната оцена).

Во прилог Ви ги испраќаме член 67, 68. 69, 70, 71,72,73 и 74 од Правилникот за условите, критериумите и правилата за студирање на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, кои се однесуваат на начинот на оценување и образецот за оценување на студентите:

Начин на оценување

Член 67

Оценувањето е квантитативно.

Завршното оценување се изразува квантитативно со оценка од 5 (пет) до 10 (десет). Оценката 5 (пет) означува недоволен успех.

Завршната оцена за соодветна предметна програма е изразена со квантитативни мерки, на следниов начин:

  • 10 поени за предавања;
  • 10 поени за вежби;
  • 20 поени за 1 колоквиум;
  • 20 поени за 2 колоквиум;
  • 10 поени за семинарска;
  • 30 поени за завршен испит;

Член 68

Преку континуираното оценување, студентот се оценува за секоја активност пропишана во соодветната предметна програма, преку: кредитни поени, процентот на оптовареност или индексните единици.

Член 69

Колоквиумите се изведуваат по писмен или усмен пат.

Завршниот испит е секогаш по усмен пат.

Континуираното и завршното оценување, процентуелниот однос и урнекот на изработката на обрасците за колоквиумите ја определува Ректорската управа на Универзитетот.

Член 70

Оценката добиена од континуираното оценување и оценката добиена од завршното оценување ја сочинуваат вкупната оценка (од минимална до максимална).

Положен испит е услов да се стекне потребниот број кредити пропишан со предметната програма.

Член 71

Високообразовната единицата на Универзитетот може да воведе завршен испит за некоја студиска програма како дипломски испит, кој се организира и се изведува под услови и на начини утврден со статутот.

Член 72

Видот, карактерот и начинот на реализација на завршните испити за соодветни предметни програми ги определува високообразовната единица на Универзитетот.

Член 73

На Универзитетот се определуваат термините за завршно оценување по одделни предметни програми, по завршувањето на семестрите, и тоа:
  • Февруари и
  • Јуни

Се определува и дополнителен термин во Септември, кој може да го користи студент кој не постигнал позитивен резултат, за да ги стекне определените кредити во претходните испитни рокови.

Студент кој запишал предмети во зимскиот семестар, на завршно оценување може да се јави во терминот во Февруари, а доколку не постигне позитивен резултат, како услов за стекнување кредити, може да се јави во определениот термин во Јуни.

Студент кој запишал предмети во летниот семестар, на завршно оценување може да се јави во терминот во Јуни, а доколку не постигне позитивен резултат, како услов за стекнување кредити, може да се јави на завршно оценување во Септември.

Студент кој и во двата термина нема да постигне позитивен резултат, повторно ја запишува предметната програма (предмет).

Се определуваат фиксни термини (сесии) за вонредни студенти, и тоа:

  • Февруари
  • Јуни и
  • Септември

Член 74

Во текот на студиската година, со одлука на високообразовната единица на Универзитетот може да се дадат и други термини за завршно оценување, но само за предметните програми што имаат условувачки карактер, т.е. за оние предметни програми чие апсолвирање е услов за запишување на наредните предметни програми.

Високообразовната единицата на Универзитетот може да определи и дополнителни испитни рокови на предлог од координативното тело за КТС, доколку се оцени дека за тоа има објективна потреба.

0 comments:

Post a Comment

Followers